Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бакрачески во Охрид: катни гаражи, аквапарк, велосипедски патеки!

Бакрачески во Охрид: катни гаражи, аквапарк, велосипедски патеки!
Кандидатот за градоначалник на Охрид Никола Бакрачески понуди отворање на нови работни места, подобрување на локалниот економски развој, слободна економска развојна зона, реконструкција на училишта, спортски сали, стипендирање на ученици, изградба на затворен пливачки базен, како само дел од проектите планирани за Охрид. -Со чисти раце и образ, без дамка горд сум и исправен пред сето она што со мојот тим заедно го направивме. Никола Бакрачески тоа што ќе го вети го исполнува. Нашата цел е тоа, да го трансформираме Охрид, за надеж и отворање на нови можности, за усовршување на нашата заедница и градење на подобар Охрид, истакна Бакрачески. Како дел од проектите, Бакрачески ги посочи изградбата на модерна автобуска станица, изградба на катни гаражи, аква парк, затворен зелен пазар, како и реконструкција на улици и велосипедски патеки - Победата на овие избори, сама по себе не е промена која ние ја бараме, тоа е промена за Охрид, а јас убеден сум во своите капацитети, но тоа не можам да го направам без вас, граѓаните, овие избори се за вас. Време е да се разбудиме од кошмарниот сон и да направиме добро, јас сум подготвен да работам за вас и да марширам заедно со вас. Не можам да го изодам тој пат сам, Охрид не може да се врати назад, на овие избори ние мора да дадеме завет дека ќе маршираме напред и само во иднината, им порача на граѓаните кандидатот за градоначалник на Охрид предложен од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Бакрачески е против кандидат на Ацо Петрески за Охрид, кој како кандидат на СДСМ се бори за трет градоначалнички мандат. фото Курир  
Слично

Поврзани вести