Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бакрачески: Охрид има добра сезона, ама некоректни медиуми ја расипуваат

Бакрачески: Охрид има добра сезона, ама некоректни медиуми ја расипуваат
Негативни и тенденциозни медиумски написи му нанесуваат штета на туризмот во Охрид, оцени охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, На денешната пресконференција тој побара од медиумите објективно и коректно да извествуваат за состојбите во туризмот, бидејќи имаат силно влијание во изборот на туристичка дестинација за одмор. „Цело лето не видовме афирмативен прилог со кој ќе се промовира туризмот во Охрид. Ретки се прилозите за културните настани како Охридско лето, Фестивалот на француски филм, Струшките вечери на поезијата кои дел се одржуваат во Охрид, Европското првенство за кадетки во ракомет и други, како и за природните убавини, охридскиот бисер, убаво уредените плажи и прироните убавини на Галичица“, нагласува тој. Според Бакрачески, цените во Охрид се за 3 до 5 пати пониски од оние во Грција. Тој нагласува дека оваа година бројот на домашни туристи е намален, но затоа расте бројот на странските туристи кои доаѓаат во Охрид и има пораст од 6,5 отсто за разлика од ланската година. Затоа охридскиот градоначалник позитивно ја оценува туристичката сезона. „Балансираните и коректни критики не учат да ги поправиме грешките и недостатоци, кои секако дека ги има, но од друга страна, да не се потценува и културното богатство и природните убавни на Охрид “, вели Бакрачески.  
Слично

Поврзани вести