Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бакрачески: Лошиот имиџ на Охрид е последица на високите цени

Бакрачески: Лошиот имиџ на Охрид е последица на високите цени

Поради цените на услугите имиџот на Охрид како туристичка дестинација не е на високо ниво не само во Македонија, туку и во регионот вели градоначалникот Никола Бакрачески.

„Мое лично убедување е дека цените на угостителските услуги се нешто повисоки. Имаме недоволно изградени пакет аранжмани.Сметам дека имиџот на Охрид во овој момент е многу лош. Јавноста во Македонија и потенцијалните туристи сметаат дека угостителските услуги во Охрид се прескапи. И затоа ние мораме да превземеме одредени активности и мерки со кои ќе го подобрие имиџот. Затоа една од активностите треба да биде можноста за намалување на цените на угостителските услуги. И тоа е значаен чекор во менување на имоџот на Охрид како град со многу скапи услуги“, рече Бакрачески.

Советот на градските таткови денес разговараше на оваа тема и беа разгледувани активностите кои треба да бидат превзeмени за да се подобри систуацијата на терен.

Градоначалникот Бакрачески смета дека има простор за намалување на цените кои во иднина треба да создадат услови за привлекување на поголем број на туристи не само домашни туку и странски.

Инаку надлежните од областа на туризмот се надеваат дека со подобрувањето на временските услови ќе се зголеми и бројот на туристи во главниот туристички центар.

Слично

Поврзани вести