Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бакојани побарала оставка на Варуфакис

Бакојани побарала оставка на Варуфакис

Пратеничката од главната грчка опозициска партија Нова демократија Дора Бакојани бара оставка на министерот за финансии Јанис Варуфакис. Според неа тој е „тежина“ во кабинетот на владејачката партија. Таа го обвини исто така и за „поткопување на националните интереси на Грција“, пишува весникот „Вима“.

Тешките обвинувања од страна на Бакојани обајвени на локалната телевизија „Скај“, истакнувајќи дека Варуфакис би се повлекол од министерските место, „ако барем малку имаше чувство на патриотизам“.

„Варуфакис е товар, опседнат од нарцизмот и живее со мислата дека е центар на универзумот. Најдоброто што може да направи за да му олесни на премиерот Ципрас е да си поднесе оставка“, изјавила Бакојани.

Поранешната министерка за надворешни работи и градоначалничка на Атина смета дека кабинетот на Ципрас може да постигне договор со меѓународните кредитори и на тој начин да обезбеди нормално финансирање на Грција.

Бакојани, исто така, смета дека Ципрас нема да оди на нови избори, за да излезе од сегашната тешка ситуација.

Слично

Поврзани вести