Бакир Изетбеговиќ повика на рушење на Дејтон, за Србите ова е повик за војна
Повици за војна повторно има во Босна и Херцеговина(БиХ).
Претседателот на СДА и заменик-претседател на Домот на народите во Парламентот на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ повика на рушење на Дејтон, нова војна и укинување на Република Српска.
„Србија денес“ пишува дека Изетбеговиќ смета дека 60 отсто од Бошњаците живеат на таа територија и имаат право да управуваат со својата земја.
„Партијата на Милорад Додик и Хрватска демократска заедница немаат право да сведат 60 отсто од пробосанските сили на една третина од власта! Ќе има избори и ќе победат силите кои сакаат добро и мир во оваа држава. Ги повикувам нашите соседи да бидат заедно со нас во изградбата на земја од која нема да мора да си заминат младите“, кажа Изетбеговиќ.
Засега нема реакција од Западот. Во БиХ изминавиве години имаше повици за војна.
