Бајден: Сонуваме за целосна, мирна и единствена Европа, ама заедно со Балканските земји
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рекол во Загреб дека за него нема никакви сомненија дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија. Потпретседателот на САД Џозеф Бајден пак смета дека влезот во ЕУ и НАТО е најдобар начин за унапредување на мирот, благосостјбата и безбедноста во регионот.
„Сонуваме дека ќе постои Европа која ќе биде целосна, мирна и единствена, и сметаме дека тоа не е можно без југоисточна Европа, Балканот. Tоа е гаранција дека ќе биде Европа која е целa, единствена и во мир“, рекол Бајден.
Потсетувајќи дека земјите од регионот различно напредувале во процесот на евроинтеграциите, Бајден рекол дека САД силно го поддржува членството на Црна Гора во НАТО и дека вратата на тој воен сојуз останува отворена.
Бајден нагласил дека регионот на југоисточна Европа, со кој се занимава повеќе од 25 години претпрел коренити промени.
Рекол дека повеќе не гледа луѓе кои си пукаат едни на други, туку луѓе кои меѓусебно се шегуваат. „Тоа е коренита промена. Тоа покажува дека е можна трансформација од несогласност кон согласност“, додал тој.
Во заедничкото обраќање после самитот Процесот „Брдо-Бриои“ со претседателите на Хрватска и Словенија и претседателот на ЕС Доналд Туск, потпретседателот на САД оценил дека состанокот бил продуктивен и дека му се чинело како да го „слуша гласот на едно семејство“.
