Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бајден кон Ердоган: Ако даде Господ, ќе го екстрадираме Ѓулен

Бајден кон Ердоган: Ако даде Господ, ќе го екстрадираме Ѓулен

САД немаат намера да го заштитат турскиот исламски проповедник Фетхулах Ѓулен, кој е осомничен од Турција како главен организатор на неуспешниот воен удар на 15 јули. Ова стана јасно по средбата на американскиот потпретседател Џо Бајден и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, пренесоа светските агенции.

Според зборовите на Бајден американските правници собираат материјали за судот во рамките на барањето на Анкара за негова екстрадиција. Стана јасно уште дека Турција веќе предала многу нови материјали по повод за време на сегашната посета.

„Пристигнатата со мене делегација од експерти сега испитува индиции и докази за пренос во судот по сите правила. Никој во САД, ниту претседателот, ниту кој и да е друг, не може да донесе одлука за екстрадиција. Само суд може да екстрадира криминалец“, рече Бајден.

Тој додаде дека ако даде Господ, ќе бидат собрани доволно индиции против Ѓулен. Затоа штом се соберат доволно такви докази, тие ќе бидат претставени пред федералниот суд и тој ќе се произнесе по нив.

Ердоган потсети за возврат дека постојат голем број билатерални договори со САД, кои бараат екстрадиција. „Според овие договори таков човек, како Ѓулен, најмалку следува да биде уапсен и привремено ставен во притвор. Но засега тој е на слобода и продолжува со својата активност“, посочи турскиот претседател.

Бајден рече дека САД ја поддржуваат операцијата на турските вооружени сили, која денес доведе до ослободување на прекуграничниот сириски град Джараблус и до изгонувањето на џихадисти оттаму.

Потпретседателот на САД му се извини на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган што не ја посетил побрзо неговата земја по обидот за преврат минатиот месец. „Се извинувам. Сакав да можев да дојдам порано“, му рекол Бајден на Ердоган.

Бајден истакна дека армијата на САД обезбедила воздушна поддршка на турската операција во Северна Сирија.

„Сирија треба да е цела и обединета, а не пресечена на парчиња“, рече портпаролот на Белата куќа. Од неговите изјави стана јасно дека САД ја поттикнуваат Турција да ја затвори границата со Сирија.

Слично

Поврзани вести