Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бахчовановски и Тозија основачи на обложувалници во центарот на Скопје

Бахчовановски и Тозија основачи на обложувалници во центарот на Скопје

Со паричен влог од 500.000 евра, Владимир Бахчовановски и Илија Тозија, заедно со уште две правни лица отвораат обложувалници во Скопје, стои во објавата на Централен регистар.

Бахчовановски беше на неколку раководни места номиниран од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој пред да седне на директорската фотеља во Лотарија на Македонија, раководеше со Ревизорското тело за претпристапна помош, како дел од бранот на кадровски промени кои го почна ВМРО-ДПМНЕ. Беше директор и на Јавното станбено претпријатие и во ЈП Македонски шуми.  

Илија Тозија беше член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија на Република Македонија. Бахчовановски и Тозија се заведени како сопственици на друштвото за приредување на игри на среќа МаксБет Доо Скопје. Освен нив, во сопственичката структура фигурираат и MaxBet Доо Белград и друштво за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

Бахчовановски е назначен за управител на друштвото.

Главен основач за отворање на друштво за приредување игри на среќа е српската компанија MaxBet Доо Белград, која освен во Србија, својата дејност досега ја ширеше во БиХ и Црна Гора, како и во Африка. Компанијата се занимава со организирање на игри на среќа, производство, продажба и сервисирање на електронски рулети, Тексас Холдем покер, слот-машини, угостителство и други услуги со автомати за забава.

Слично

Поврзани вести