Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАФЕТ СО ЗАКАНА ЗА ЦЕЛ СВЕТ: Катастрофата само што не почнала!

БАФЕТ СО ЗАКАНА ЗА ЦЕЛ СВЕТ: Катастрофата само што не почнала!

Ворен Бафет, третиот најбогат човек во светот, предупредува на неминовност од “големиот удар“, односно катастрофа во однос на која ураганите Катрина и Мајкл ќе влијаат како „џуџиња“.

-Голема катастрофа, која ќе ги надмине ураганите Катрина и Мајкл, ќе се случи - можеби утре, можеби за неколку децении-напишал Бафет во годишното писмо до акционерите на компанијата „Беркшир Хатавеј“.

Според неговите зборови таквата катастрофа може да дојде од традицонални извори, како што се урагани и земјотреси, или можеби целосно изненадување, како што е сајбер-напад кој би можел да има незамисливи последици.

И додека други во неговите зворови гледаат само катастрофа, 88 годишниот Бафет гледа и деловна политика.

-Кога таква мегакатастрофа удри, ќе имаме свој дел од загубите и тие ќе бидат големи, многу големи. Сепак, за разлика од многу други, ние ќе настојуваме веќе наредниот ден да го прошириме бизнисот-напишал тој.

Бафет е еден од најуспешните светски инвеститори кој, поради неговите инвестициони предвидувања го нарекуваат „пророкот од Омаха“.



Фото:  EPA/ARNE DEDERT

Слично

Поврзани вести