Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бафет се откажа од акции вредни 900 милиони долари во Волмарт

Бафет се откажа од акции вредни 900 милиони долари во Волмарт

Прославениот инвеститор Ворен Бафет донесе одлука неговиот фонд да се ослободи од акции во синџирот на маркети Волмарт кои вредат 900 милиони долари што е опасен сигнал за оваа компанија која го губи растот на сметка на новите онлајн трговски компании.

Волмарт трпи се поголем притисок од Амазон кој целиот бизнис го базира на онлајн продажба и практично да нема ниту една физичка продавница освен новиот концепт кој го најави со продавница во која ќе нема каси, туку купувачите ќе си земаат производи преку мобилна апликација и ќе плаќаат електронски. 

Токму затоа Бафет смета дека Волмарт повеќе не може да расте и да носи нови профити кои би биле исплатливи за акционерите, па сега ќе се фокусира со авионски компании, но не откри повеќе детали каде точно ќе инвестира. 

Слично

Поврзани вести