Б92: Македонски фирми го селат бизнисот во Србија
Македонските компании во последно време ја прекинуваат работата во својата земја и се селат во Србија затоа што таму имаат многу олеснувања, јавува српски Б92, повикувајќи се на пишувања и во македонските медиуми.
Македонските бизнисмени главно основале фирми во Врање, Шрешево и Бујановац. Како олеснување притоа ги наведувале помалите трошоци за отворање фирма, помалите издвојувања за вработените, попристапна законска регулатива, пониски казни и фактот што нема дополнителни давачки.
Бизнисмените се согласни дека пресудни притоа не се пониските трошоци за отворање на фирмата, туку помалите скојдневни трошоци што ги имаат за водење на компанијата во Србија.
За да се отвори фирма во Македонија потребни се 5.000 евра, а во Србија 500 евра.
Слично
