Б92: Македонците работат во Грција „на црно“ за 25 евра
Сопствениците на овоштарници во Грција и покрај високите казни и инспекциските контроли, се повеќе ангажираат сезонски работници „на црно“, најмногу од Македонија и Албанија, пишува српски Б92.
Според информациите на овој медиум, Македонците кои работат сезонски во овоштарниците во Северна Грција најчесто не се пријавени, а соседите меѓусебно се предупредуваат ако доаѓа инспекција.
Дневната заработувачка на овие илегални работници се движи меѓу 15 и 25 евра.
Кога грчкиот производител сака легално да ангажира работници, според грчките закони, плаќа 180 евра за работна виза за секој работник и околу 500 евра за осигурување за два месеца.
Слично
