Економија, финансии, бизнис

Контакт

Б.Димитров: Македонија прво да си ја среди демократијата па да бара влез во ЕУ!

Б.Димитров: Македонија прво да си ја среди демократијата па да бара влез во ЕУ!

Македонија мора да направи многу работи пред да влезе во ЕУ, но најмногу - општо земено мора да си ja среди демократијата, судството, медиумите, слободата на говорот и така натаму. Тоа, го изјавил проф. Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј во Бугарија, пренесуваат бугарски медиуми.

Според него, многу се и работите за кои треба Македонија да и се извини на Бугарија, а една од од нив е "Крвавиот Божиќ за Бугарите во Македонија".

"Тоа зависи од нас, дали ќе го побараме како неопходен услов. Лично јас би го побарал, ако бев во соодветната власт и позиција. Ние и сега не сме согласни Македонија да биде примена во Европската унија (ЕУ) и НАТО, како и за други прашања. Ние сакаме да престанат кражбите на бугарската историја, што е нешто многу сериозно, за да биде така лесно заборавено со замавнување на рака. Не можеме да се откажуваме од својата историја, зашто ниедна држава што се почитува самата себе си не би го направила тоа", коментира професорот Димитров.

Тој додава дека како во политичкиот и јавен систем Македонија воопшто не ги исполнува барањата на Европската унија (ЕУ) и "ако прифаќаме држави од политички причини, без тие да бидат подготвени за тоа, тогаш што ќе се случи со Унијата".

Слично

Поврзани вести