Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗМАНОВ, СОПСТВЕНИК НА „НАСТЕЛ“ ДА БИДЕ НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА „РЕПЛЕК“ - предлог до Собранието на акционери на фармацевтската компанија

АЗМАНОВ, СОПСТВЕНИК НА „НАСТЕЛ“ ДА БИДЕ НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА „РЕПЛЕК“ - предлог до Собранието на акционери на фармацевтската компанија

Сопственикот на градежната компанија „Настел“, која поседува 9,38 отсто од акциите на  „Реплек“, бара да влезе во Надзорниот одбор на таа компанија.

Ова е предлопг за дополнување на дневниот ред на Собрабнието на акционери на „Реплек“, кој ќе се одржи на 26 април годинава.

Овој предлог го даваат акционерите „Настел“, всушност тоа е компанијата на Азманов, која поседува 9,38 отсто од акциите или 2.432 акции, потоа, „Интекс“, компанија која има 314 акции, потоа „Тим Инженеринг“ со 1.330 акции, Владо Пазарџиски кој располага со 50 акции и Славчо Наќев со 412 акции.

„Акционерите со вкупен број акции со право на глас 4.538 го достацвуваат овој предлог за дополнување на дневен ред на Собранието на акционери“, се вели во објавата.

Всушносат нова точка на дневниот ред да биде избор на нов петти член на НО на „Реплек“ со предлог одлука да биде избран Зоран Азманов.

Зоран Азманов е дипломиран економист. Треба да се спроведат сите потребни дејствија за да се изврши упис на промена кај „Реплек“ во надлежниот регистар, стои во предлогот.

Неговиот мандат ќе му трае до истекот на мандатот на другите членови на НО, односно до 2027 година. 

Практично, во предлогот од овие акционери стои НО на компанијата да го зголеми бројот на членови од 4 на 5 члена. 

Сава пензиски Фонд, пак, која во Репшлек поседува 6,4 отсто, предлага како независен член на НО да се именува Јана Алич Љужина од Љубљана.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести