Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗМАНОВ ИМ „ДРЖИ ЛЕКЦИИ“ НА ЧИФЛИГАНЕЦ И ЕТЕМИ: Колку заработија од градежниот бум

АЗМАНОВ ИМ „ДРЖИ ЛЕКЦИИ“ НА ЧИФЛИГАНЕЦ И ЕТЕМИ: Колку заработија од градежниот бум

Градежната компанија Настел во сопственост на Зоран Азманов е фирма која лани оствари профит од 4,4 милиони евра, што е за 49 отсто поголема добивка од оствареното во 2018 година, е пред Адора Инженериг на Ванчо Чифлиганец и ЗСФ КОМ на Фатмир Етели. Компанијата на Азманов е актуелна со новоградба во строгиот центар на Скопје на местото на веќе непостоечката печатница „Гоце Делчев“. Приходот на „Настел“ лани изнесува 14,6 милиони евра. Инаку, компанијата е во сопственост на една странска компанија „Еуро Свис Кредит“ АГ и домашната фирма Алпина Инженеринг.Адора Инженеринг, најголемиот акционер на „Комерцијална Банка оствари профит од 3,4 милиони евра што е пад за 29 проценти во однос на 2018. Приходите на оваа компанија, што ја поседува Чифлиганец е за 26 проценти послаб од претходната година и изнесуваат 15,7 милиони евра.Најслаб резултат, лани направи градежната компанија ЗСФ КОМ на екс-пратеникот Етеми. Компанијата остварила приход од 7,6 милиони евра што е пад за дури 64 отсто од 2018 година. И профитот е исто за толку проценти помал и изнесува 2,6 милиони евра. 


Слично

Поврзани вести