Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азманов: Ако Карпош и Аеродром ги кочат изградбите, работниците ќе заминат во странство

Азманов: Ако Карпош и Аеродром ги кочат изградбите, работниците ќе заминат во странство

Зоран Азманов за Алфа вели дека власта прави се за да се иселуваат градежните работници од Македонија. Од една страна државата прави се за раст на економијата, а од друга ги стопира сите градби, почнувајќи од високо градбата, вели Азманов.

Со укинувањето на дуповите, вели, власта буквално ги избрка работниците во странство. 

- Сега општините Аеродром и Карпош ја кочат работата на градежниот сектор, таму има огромен застој и се прави се само за работата да се стопира. Ако вака продолжат работите, овој сектор ќе биде во голема загуба. Мора да има континуитет на работите - изјави Азманов.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека секторот се намалил за 6,3% во првиот квартал.



Слично

Поврзани вести