Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азискиот смртоносен стршен пристигна во Кавадарци

Азискиот смртоносен стршен пристигна во Кавадарци

Големиот азиски стршен кој во Европа првпат се појави пред десет години, а пред две недели беше виден во Словенија, стигна до Кавадарци. Инсектот со портокалова глава кој ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот,  денеска го пронајдоа членовите на семејството Ничкови и тоа во дворот на семејната куќа.

Инсектот првично го забалежале по неговото чудно однесување. Се вртел во круг, па застанувал на земја какао да е зашеметен. Тоа го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз дрвата наредени за огрев.

“Неколку минути се обидувавме да го совладаме, но беше бадијала. Изгледаше како да е од гума, повторно успеваше да летне. За среќа, на крај го собравме во пластична кутија”, раскажуваат од семејството Ничкови.

Велат дека добро ги познаваат стршените кои ги има во нашето поднебје. Според нив, овој се разликува од нашите по бојата и лесно може да се препознае, но се прашуваат како дошол до Кавадарци. “Од почетокот на пролетта досега нема регистрирано пациенти со убод од стршен”, ни рече диреторот на кавадаречката болница д-р Орце Ангеловски. Тој апелира до граѓаните да бидат внимателни доколку се случи да бидат каснати од овие инсекти и веднаш да побараат лекарска помош.

“Се’ почесто во лето сме сведоци на алертни портокалови фази, кога температурата на воздухот е околу 40 степени со висок УВ индекс. Оваа пролет на Балканот доминираа поројни дождови и поплави, кои продолжуваат и летово, а во мочурливите региони, каде што водата се’ уште не е исушена, забележано е присуство на поголем број инсекти и глодари”, вели професорот Томе Лисичанец, претседател на здружението за заштита на дивата флора и фауна.

Како што објаснуваат експертите, азискиот стршен има портокалова глава и голема црна клешта која е во состојба да направи страшни убоди кои личат на рани од куршум. Овој вид стршен е застапен во подрачја во Русија, Кина, Јапонија, Индија и Шри Ланка. Азиските стршени се едни од најсмртоносните инсекти во светот. Летаат со брзна од 60 километри на час и за еден ден може да прелетаат 100 километри.

Минатата есен беше забележана наезда на стршени кои претходно ги немало во реонот на неготинското село Горни Дисан. По појавата на овој инсект во Тиквешијата оосбено се испаничија пчеларите кои, освен за својата безбедност, стравуваат и за своите пчелни семејства.

извор: Утрински весник
Слично

Поврзани вести