АЗИСКИ БЕРЗИ: Во Шангај прекината трговијата, индексот потона 7%, инвеститорите загрижени!
Берзите во Кина ја завршија колебливара сесија, скитајќи меѓу растовите и унапредувањата, а на крајот индексите на најдоа единствена насока по црниот старт во понеделникот, соопшти CNBC.
Главниот индекс Shanghai Composite заврши со 0,26% пад, откако накратко се зголеми за 0,95%, а потоа потона за 3,2%. Помалиот Shenzhen Composite забележа пад од 1,86%, а широкиот CSI300 кој ги обединува најголемите компании на берзите во Шангај и Шенжен, финишира со 0,28% нагоре.
ХонгКонгскиот „Hang Seng“ го избриша профитот од утринската сесија и се намали со 0,56%.
Според инвестициската банка Goldman Sachs има и други фактори за распродажба во понеделникот, кои вклучуваат загриженост за ликвидноста во краток рок, одлив на капитал, затегнувањето на монетарната политика и неактивноста во однос на економските стимуланси.
Deutsche Bank тврди дека 50-те најголеми основни компоненти на индексот CSI300 биле одговорни за 42% од 7 процентниот пад во понеделникот.
Тоа се главно финансиски, индустриски компании и фирми за недвижен имот, на кои многу влијаат макроекономските случувања и политичката динамика.
Кинескиот регулатор на хартиите од вредност, изјави дека системот за прекин на трговијата, применета во понеделникот, помогна за смирување на пазарите и за заштита на интересите на инвеститорите.
Повеќето пазарните аналитичари сметаат дека токму оваа практика - да се запира трговијата кај 7% пад во индексите, ја зголемила паниката кај инвеститорите.
Акциите надвор од Кина, исто така се тргуваа мешано. Австралискиот ASX 200 се намали за 1,63%, а сите сектори се претставија слабо. Јапонската берза финишира на црвено, а главниот индекс Nikkei 225 падна 0,42%. Јужнокорејскиот Kospi запиша раст од 0,61%.
