Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗИСКИ БЕРЗИ: Внимателно тргување, загрижува падот на нафтата!

АЗИСКИ БЕРЗИ: Внимателно тргување, загрижува падот на нафтата!
На азиските берзи денеска се тргува внимателно, и покрај вчерашниот силен раст на цената на акциите на Волстрит, бидејќи вложувачите ги загрижува повторниот пад на цената на нафтата. На Токиската берза во 7,00 часот индексот на Никеи беше во плус 0,5 посто , додека цените на акциите во Сингапур и Австралија пораснале помеѓу 0,5 и 0,9 посто. Меѓутоа, берзовните индекси во Јужна Кореја, Хонг Конг и Шангај паднале помеѓу 0,2 и 0,5 посто, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските во 7,00 часот бил во минус 0,1 посто. Во однос на почетокто на годината, тој индекс бил на загуба од 12 посто. На самиот почеток на денешното тргување MSCI индексот бил во благ плус бидејќи вложувачите ги охрабрил вчерашниот скок на цената на акциите на Волстрит за повеќе од 1 посто. Меѓутоа, ентузијазмот на вложувачите набрзо спласни, помеѓу останатото поради новиот пад на цените на нафтата. Вчера цените на “црното злато“ пораснаа околу 3 посто благодарение на очекувањата дека поради заладувањето во Европа и Северена Америка ќе порасне побарувачката за гориво. Но , утрово цената на барелот на американскиот пазар потонала 1,8 посто, на 37,20 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поефтинил 1,2 посто на 37,30 долари, па цената повторно му тргнала кон ниските ниво во 11 година. Обемот на тргување на азиските берзи и утрово е слаб, што е вообичаено за овој празничен период. И на валутните пазари владее внимание, па курсевите на најзначајните валути не осцилираат значајно. Притоа доларот благо зајакнал Цната на еврото склизнала од вчерашните 1,0970 на 1,0930 долари.  
Слично

Поврзани вести