Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗИЛ ВО ЕУ: Од кои земји најмногу се бара?

АЗИЛ ВО ЕУ: Од кои земји најмногу се бара?
Податоците на европската канцеларија за статистика Евростат покажуваат дека за 12 месеци, односно од јуни минатата година до јуни годинава 12.150 жители на Mакедонија побарале азил во некоја од земјите од Европската Унија. Сепак, намалување од 5% на барањата за азил е забележано во вториот квартал од годинава, (кога имало поднесени 1.755 барања за азил) во однос на истиот период од минатата година. Додека пак, ако се споредат барањата за азил од првите три месеци со вторите три месеци од годинава ќе се види дека на почетокот на годината, односно во првиот квартал имало повеќе 30% повеќе барања за азил во однос на вториот квартал кога е забележан надолен тренд. Во истиот период од Србија азил во европските земји побарале 26.160 жители. При тоа евидентно е дека во континуитет се зголемуваат барањата за азил од оваа земја. Односно, ако се спореди вториот квартал од годинава (кога од Србија азил побарале 4625 Срби) со вториот квартал од минатата година ќе се види дека барањата за азил се зголемени за 39%. Сепак, и од Србија повеќе барања за азил во европските земји стигнале на почетокот на годинава, односно во првите три месеци, а веќе во вториот квартал од оваа година споредено со првиот се намалени за 22%. За една година, односно од јуни 2013 година до јуни 2014 година, од Албанија биле побарани 14.530 барања за азил во европските земји. Само во вториот квартал од годинава биле поднесени 3.970 барања за азил што е за 56% повеќе во однос на истиот квартал од минатата година. Но, ако се спореди вториот квартал од оваа година со првиот квартал од годинава ќе се види дека во вториот кварат има 8% помалку барања во однос на првиот. Од Косово во земјите од Европската Унија, азил побарале 14.145 жители во периодот од јуни минатата година до јуни годинава. При тоа има огромно намалување на барањата за азил од жителите на Косово во вториот квартал од оваа гдоина споредено со вториот кватал од минатата година. Или оваа година, само во периодот од април до мај биле поднесени 2460 барања за азил, додека лани во истиот период имало 69% повеќе. Намалување од 18% на барањата за азил е регистрирано и во вториот квартал од годинава споредно со првиот квартал од оваа година. Од Турција, азил во земјите од Европската Унија побарале 5020 жители во период од една година. Односно само во вториот квартал азил побарале 1140 жители, што е намалуцање за 16% во однос на вториот квартал од минатата година. Додека пак споредено со првиот квартал  од годинава во вториот квартал од годинава има намалување на барањата за азил од Турција за 18%. Месечно, барањата за азил од Турција се движат од 350 до 490. Иако од Украина има најмалку барања за азил во земјите од Европската Унија, сепак, очигледно е дека нивниот број е драстично зголемен. Се повеќе жители на украина бараат азил во некоја европска земја. Лани во април имало само 55 барања за азил, за веќе во јуни годинава бројката на барања за азил да достигне 965 барања за азил. Огромениот скок во барањата за азил е особено видлив од февруари годинава. Па така, за само една година барањата за азил од жители во Украина изнесува 3905. Но, дури 2.420 барања за азил се поднесени само во вториот квартал од годинава, при тоа забележано е дека споредено со вториот квартал од минатата година има скок на барањата за азил за 10 пати. А раст на барањата за азил е евдидентен и во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава. Сепак, на врвот на листата баратели на азил е Сирија. Оттаму, за периодот од јуни лани до јуни годинава, поднесени се  71.340 барања за азил. При тоа, 21.110 барања се поднесени во вториот квартал од годинава, што споредено со истиот период од лани е зголемување за 161%. Бројот на баратели на азил, од Сирија постојано се зголемува и од 3.605 барања за азил во јули лани се искачува на 8. 630 барања за азил во во јуни годинава. Каде најмногу се барало азил Само во вториот квартал од годинава азил побарале вкупно 122.030 жители од повеќе земји кои не се дел од Европската Унија. Барањата за азил во вториот квартал од годинава, споредено со истиот квартал лани се зголемени за 22% а во споредба со првиот кваратл се зголемени за 13%. Најмногу од барањата за азил во вториот квартал од годинава се поднесени за Германија  37.900, потоа во Шведска 18.925, во Франција – 15.375, Италија – 14.380. За период од една година, односно од јуни минатата година па се до јуни оваа година азил побарале вкупно 472.395 луѓе. И во овој период најмногу азил се барало за Германија, односно вкупно 152 780 барања за азил се пристигнати за оваа европска земја. Потоа селдна на листата според бројот на барањата за азил е Шведска со 67.330,  Франција со 64.255 барања за азил и Италија со 41.440 барања за азил. Колку луѓе добиле азил? Од вкупниот број на поднесени барања за азил во вториот квартал односно 122.030, одлуки се донесени за околу 80.000 поднесени барања. Од нив за 33.000 барања е одоговорено позтивно, односо е одобрен азил. При тоа, најмногу барања за азил се одобрени за Германија – 8020 , потоа за Шведска – 7.070 , во Италија со 5.250 одобрени барања за азил. 20 жители на Македонија во вториот квартал од годинава добиле азил во некоја од европските земји. При тоа десет од нив имаат статус на бегалци а десет добиле азил од хуманитарни причини. Додека пак 1360 барања за азил од земјава се одбиени. Од Србија, азил добиле 110 баратели, додека пак 3.695 се одбиени. Од Косово азил добиле 195 баратели, додека пак 2.485 се одбиени. Од Албанија 220 барања за азил се одобрени, а 3.695 се добиени. Од Турција 260 барања за азил се одобрени додека пак 840 се одбиени. Од Русија 815 жители добиле азил во некоја европска земја, додека 2.245 се одбиени. Најмногу одобрени барања за азил во некоја европска држава има од Сирија, односно дури 12.285, а одбиени се 945. Потoa од Авганистам одобрени се 2.770 а одбиени се 1.960 барања за азил.
Слично

Поврзани вести