Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ажурирајте си ги податоците на сметките!

Ажурирајте си ги податоците на сметките!
Потрошувачите на вода, струја или топлинска енергија имаат обврска секоја промена на личните податоци да ја ажурираат и достават до компаниите-снабдувачи во рок од 30 дена. Компаниите, пак, се одговорни за обработката на личните податоци на корисниците и за роковите на нивното чување, а тоа го обезбедуваат со технички и организациски мерки и процедури за заштита на личните податоци. За таа цел, овие компании заедно со сметките за струја , вода и парно веќе испраќаат и формулари на кои граѓаните ќе можат да ја известат компанијата за секоја промена во личните податоци. Денеска во периодот 14-18 часот во трговскиот центар Сити Мол – Скопје, граѓаните ќе имаат можност да ги достават своите пополнети формулари со ажурирани лични податоци за ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје и ЈП Водовод и канализација – Скопје. Освен денеска, граѓаните ќе може да ги остават формуларите во означените кутии во некој од наплатните пунктови на овие компании до 15 март 2014 година.             ЕВН Македонија, 31.01.2014  

, 31.01.2014 година, во периодот 14-18 часот во трговскиот центар Сити Мол – Скопје, граѓаните ќе имаат можност да ги достават своите пополнети формулари со ажурирани лични податоци за ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје и ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 

Корисниците имаат обврска, секоја промена на личните податоци да ја ажурираат и достават до компаниите кои вршат јавна услуга во рок од 30 дена. Компаниите пак се одговорни за обработката на личните податоци на корисниците и за роковите на нивното чување, а тоа го обезбедуваат со технички и организациски мерки и процедури за заштита на личните податоци.

 

За целосно почитување на овие начела, ажурирањето на личните податоци во текот на овој проект ќе се врши со пополнување на формулар кој на граѓаните веќе пристигнува заедно со сметките за струја, парно и вода. Пополнетите формулари, освен денес, граѓаните ќе може да го остават во означените кутии во некој од наплатните пунктови на ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи Груп ДООЕЛ – Скопје или ЈП Водовод и канализација Скопје до 15 март 2014 година.

 

 

 

 

 

 

ЕВН Македонија,

31.01.2014

Слично

Поврзани вести