Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗЕСКИ ЗА МЕРКИТЕ: Aко се гледаат поединечно тогаш се губи целиот концепт

АЗЕСКИ ЗА МЕРКИТЕ: Aко се гледаат поединечно тогаш се губи целиот концепт

Бранко Азески од Стопанската комора за Телма вечерва изјави дека е добро тоа што Владата формира економски совет.

Вели дека тоа е тело каде се разменуваат мислења меѓу значајни луѓе од областа на науката и реалниот сектор. Додава дека мерките мора да се гледаат во целина, ако се гледаат поединечно тогаш се губи целиот концепт.

Азески е член на тој економски совет.

„Гледав дека има различни мерки коишто нормално од актуелната ситуација не можат да излезат на површина и се договоривме во Стопанската комора една екипа која што е врзана околу кризниот штаб да ги третира тековните прашања и помош на компаниите, а една екипа околу мене да ги отвори стратешките прашања кои долги години седат. Сега е момент да се расчистат“, кажа Азески.

Вели дека државата ќе работи за спасување на работните места и компаниите. 

Азески додаде дека не се знае до кога ќе трае кризата. 

Слично

Поврзани вести