Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азески тврди дека ЦЕФТА договорот е мртов

Азески тврди дека ЦЕФТА договорот е мртов

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, коментирајќи ги последните трговски тензии меѓу Косово, Србија и Босна и Херцеговина, рече дека централно-европскиот договор за слободна трговија, познат како ЦЕФТА е мртов.

Според него, голема трагедија со балканските земји е што не знаат да ги искористат предностите коишто ги имаат со него. 

„Осум посто имаме пад во размената изминатиот период и тоа е доволен индикатор дека тој договор е мртов. Тоа треба само да се констатира. Тоа значи дека ако ви кажам податок дека размената во идната година со Германија ќе достигне преку 4 милијарди, а првиот наш сосед има 300 милиони размена, сè сум ви кажал“, изјави Азески.

По средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Азески, одговорајќи на новинарски прашања, изјави дека Македонија мора да се стреми кон уште поголема соработка и размена со соседите и да гради сериозен пристап кога се во прашање индустријата, извозот и образованието на кадарот согласно потребите на пазарот.

На Мицкоски му ги изложил заложбите на Комората и побарал поддршка за иверзификација на извозот и реиндустријализација.

Според Азески, фокусот на економијата идната година треба да се стави и врз општините кои, како што истакна, имаат многу ниска инвестициска активност, но и врз малата искористеност на капиталните инвестиции, како и на општата потрошувачка која е многу слаба.

Размената идната година со Германија ќе достигне над четири милијарди, а со првиот наш сосед имаме 300 милиони размена.

Слично

Поврзани вести