Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азески – Цоцос: Економската соработка со Грција мора да се зајакне и да се продлабочи

Азески – Цоцос: Економската соработка со Грција мора да се зајакне и да се продлабочи
Економската размена со Република Грција изнесува една милијарда американски долари. Ние сакаме оваа соработка и натаму да се зајакнува и да се продлабочува. Затоа ги поздравуваме и ги поттикнуваме добрите економски односи меѓу двете економии, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески по денешната средба со претседателот на Регионалната комора на Пела, Јорданис Цоцос. Азески и Цоцос во текот на разговорите ја истакнале потребата од зајкнување на регионалната институционална и бизнис соработка на компаниите. - Како економија и бизнис заедница не не засегаат политичките случувања. На идентичен поглед наидовме и кај претставниците на грчките партнери. Сметам дека можеме да соработуваме како добри соседи во многу сектори на економската размена и освојувањето трети пазари - рече Цоцос кој беше домаќин на средбата на регионалните комори од Битола и Воден. Според него, има европски проекти што се однесуваат на двете држави, но постојат извесни пречки во нивната реализација и тие мора да бидат надминати во корист на двете држави и економии. На средбата Азески беше информиран дека регионот Пела е најголем производител на овошје и зеленчук, со големи капацитети во преработувачката индустрија. - Во овој дел од Грција, како производството на овошје и зеленчук и развојот на преработувачките капацитети, се повеќе се развива и металната индустрија, а компаниите бараат и нови пазари. Европа не смее да биде единствената алтернатива - потенцира Цоцос. Двајцата соговорници се согласија дека од посебна важност е развојот на индустријата, како клучна гранка на стопанскиот сектор и поттикнувач на економскиот развој.  
Слично

Поврзани вести