Азески бара подетално објаснување од Тевдовски
Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија, денеска побара подетално објаснување на новите мерки со кои министерот за финансии Драган Тевдовски го воведува прогресивниот данок за оние со месечни примања над 90.000 денар.
- За во вторник вонредно закажавме седница на Управниот одбор на Комората, на која ќе се разгледаат прашањата поврзани со предложените мерки за воведување на прогресивно оданочување и ефектите што може да ги предизвикаат врз работењето на деловните субјекти. Во меѓувреме, во текот на денешниот ден од Министерството за финансии ќе побараме појаснувања и детални информации за планираните мерки - напиша Азески.
Слично
