Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗДИС ИЛИ РЕАЛНИ ПОТРЕБИ: Пратениците бараат повеќе пари од буџетот!

АЗДИС ИЛИ РЕАЛНИ ПОТРЕБИ: Пратениците бараат повеќе пари од буџетот!
Пратениците бараат повеќе пари на располагање за следната година од она што е предвидено со предлог – Буџетот. Тие му се пожалија на заменик министерот за финансии, Ардиан Џеладини, дека имаат проблеми со функционирањето, оти салите во кои работат не се доволни, а новоизградените седат празни оти немаат доволно средства да ги опрамат со комјутерска и видео опрема. Бараат и пренамена на средства од една во друга ставка за да може да ги опремат кацелариите со мебел. Пратениците и надлежните служби во Собранието, потенцираа дека четири нови комисиски сали стоеле празни и неискористени, оти во нив немало мебел. Ваквиот став, тие вчера му го образложија на заменик министерот за финансии Ардиан Џеладини на расправата која се однесуваше за буџетот што догодина ќе го има Собранието. „Имаме еден дел од зградата што може да го ставиме во функција, а кој е во делот на доградбата. Ние имаме склучен договор за изработување на мебел. Сепак, со одобрената сума од 3 милиони денари ние не сме во можност тоа да го реализираме. Затоа добро е да се направи амандманска корекција за реализирање на договорот за изработка на мебел, за барем еден дел од Собранието сместиме таму. И, пратениците од новиот пратенички состав да работат во нормални и покомотни услови“, изијави Жарко Денковски, генерален секретар на Собранието. Дел од пратениците, како аргумет за тоа зошто бараат повеќе пари го наведоа и фактот дека со оглед дека во Собарнието има недоволен број на сали за одржување наседниците на комисиите, тие морале да бидат во трка со времето и побрзо да ги завршуваат комисиските расправи за да може да започне следната комисија во истата сала. „Сите ние сме сведоци дека постојано правиме напори една комисија да заврши побрзо бидејќи чекаме во истата сала да почне следна комисија, изјави Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ. Надлежните од Собранието, побарале околу 500.000 евра за да набават мебел за канцелариите за пратениците, и дополнителни еден милион евра за набавка на компјутерска и видео опрема за комисиските сали. Сепак, сумата што ја побарале не ја добиле. Односно, во предлог –Буџетот за следната година, за овие две ставки се предвидени многу помалку пари. Или 50 илјади евра за мебел и околу 140 илјади евра за комјутерска и видеоопрема. „Барем, со мебел да ги опремиме тие 25 канцеларии што се во доградбата на зградатата. Имавме предложено и набавка на нови возила, бидејќи имаме вистинска потреба, но и во тој дел не ни се одобрени средства“ изјави Богданка Поповска, раководител на служба за финансиски работи во Собранието. Сепак, и покрај ваквите аргумети кои му беа посочени на заменик министерот за финансии, Ардиан Џеладини, одговорот беше дека министерството не планира да го зголеми собранискиот буџет за следната година и тој ќе остане приближно идентичен како и за оваа година. Се пролонгира рокот за доградба на собраниската зграда Надградбата и реконструкцијата на собраниската зграда според предвиденото треба да заврши до 30 јуни 2015 година. Сепак, сега надлежните од Собранието најавуваат дека тој рок  ќе се пролонгира. Дополнително, посочија дека пролонгирањето нема да биде само оти нема доволно финансики средства, туку имало и технички проблеми. Односно, собраниските служби барале 200 милиони денари за доградба на собраниската зграда, а им се одобрени 175 милиони денари. Но освен ова, имало проблеми и со материјалот со кој се правела фасада на собранието. Односно, едниот дел од фасадата на собраниската зграда, што е од страната на улицата Даме Груев, сега бил стопиран и на него не се работело. Причината за тоа е бидејќи материјалот што го добиле а со кој се работело на фасадата немал идентична боја, со бојата на делот од фасадата што веќе е направен. Од тие причини, пристигнатиот материјал, бил вратен назад во рудникот од каде што е донесен, се додека не се обезбеди материјал со соодветната боја, брифираа собраниските служби. Колку пари имаат на располагање пратениците за догодина Пратениците за следната година, според предлог-Буџетот на располагање имаат 11 милиони и 205 илјади евра. Од оваа сума речиси половината ќе биде потрошана за плати за пратениците и за вработените во службите. Или за таа намена се предвидени околу 4 милиони и 800 илјади евра. Дополнително, народните избраници за патни и дневни трошоци за догодина на располагање ќе имаат 1,3 милиони евра и уште 815 илјади евра за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт.  За канцелариите за контакти со граѓани предвидени се околу 190 илјади евра. За доградба на собраниската зграда се предвидени близу 2,9 милиони евра. Н.С.
Слично

Поврзани вести