Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азаров:Украина ја намалува зависноста од рускиот гас

Азаров:Украина ја намалува зависноста од рускиот гас
Русија само привремено извлекува профит од гасните договори од 2009 година и постепено ја губи Украина како свој најголем потрошувач на гас, смета украинскиот премиер Николај Азаров. Според него напорите што ги презема Киев за намалување на зависноста од руски гас, како што се развојот на наоѓалиштата на нафта и гас и новите технологии за штедење енергија, ќе доведе до тоа Украина еден ден да одбие да купува гас по толку висока цена. Украинскиот премиер нагласи дека зависноста на Украина од рускиот гас, засега ги одредува односите меѓу Москва и Киев. Со руско-украинскиот гасен договор од 2009 година, потпишан од тогашната премиерка Јулија Тимошенко, Украина е обврзана да купува 52 милијарди кубни метри руски гас годишно, иако троши само половина од тоа.
Слично

Поврзани вести