Axel Springer ќе му ги продаде весниците на „Funke“ за 920 милиони евра
Германскиот издавач „Axel Springer“, сакајќи да се фокусира на дигиталните медиуми, вчера објави дека ќе ги продаде регионалните весници, телевизиските програмски водичи и магазинот за жени. Цената на овој пакет изнесува 920 милиони евра, а истиот ќе отиде во рацете на медиумската група „Funke“, претходно позната како медиумска групација „WAZ“.
Продажбата која ги вклучува дневните весници „Berliner Morgenpost“ и „Hamburger Abendblatt“ е во согласност со законите за обединување и забраната за картели, а договорот треба да стапи во сила на 1-ви јануари 2014-та година.
„Axel Springer“ е издавач на најпродаваниот европски весник „Bild“ и од компанијата истакнуваат дека сакаат да продолжат да ја развиваат дигиталната стратегија поради тоа што сакаат да станат водечка дигитална медиумска група, како и да се фокусираат на главните весници „Bild“ и „Welt“ и да ги прошират нивните „online“ изданија.
Слично
