Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автовазбанка нема повеќе замрзнати сметки на Кипар

Автовазбанка нема повеќе замрзнати сметки на Кипар

По руската комерцијална банка и Промсвјазбанка и филијалата на руската Автовазбанка на Кипар е изземена од примената на мерките за контрола на капитал и истата се најде на листата странски банки на Министерството за финансии на Кипар, на кои им е вратена „целосната слобода на операции на островот и надвор од него“.

Автовазбанка е третата руска банка на таа листа од 16 кредитни организации. Освен трите руски банки слобода добија и украинската Приватбанка, повеќе од пет либански банки, стуктури на британскиот Берклиз и други.

 Централната банка на Кипар утврдила дека сите тие ги исполнуваат критериумите за изземање од мерките за ограничување на движењето на капиталот.

Истовремено Министерството за финансии на Кипар им забранува на овие банки да работат со клиенти од редовите на граѓаните на Кипар, кои веќе имаат сметки во тие финансиски институции, како и да отвараат нови сметки.

Слично

Поврзани вести