Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автопатот кон Грција ќе биде готов идната година!

Автопатот кон Грција ќе биде готов идната година!
Повеќе од половина од автопатот со кој ќе биде завршен коридорот 10 е завршен, поточно делницата Демир Капија – Смоквица е пробиена 63 отсто. Ќе биде долга 23 километри, со 6 мостови и модерни тунели кои се веќе пробиени. На трасата во моментов работат 700 работници. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.очекува до крајот на 2016 година комплетно да биде готов овој автопат. Пробиени се тунелите и се очекува во наредните месеци да биде комплетирана трасата. Денеска на лице место премиерот Груевски и министерот Мисајловски проверуваа како одат работите. Делницата чини околу 210 милиони евра, пред се европски пари. Автопатот го гради грчката компанија АКТОР. Инаку во Македонија во моментов се работи и на автопатите Скопје Штип, и Кичево Охрид. И таму работите се одвиваат со забрзана динамика. фото Курир
Слично

Поврзани вести