Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автопатот Кичево–Охрид ќе биде завршен до почетокот на 2027 година

Автопатот Кичево–Охрид ќе биде завршен до почетокот на 2027 година


Премиерот Христијан Мицкоски најави дека автопатот Кичево–Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба најдоцна до првиот квартал од 2027 година.

Тој посочи дека проектот се соочил со сериозни финансиски предизвици, особено по откажувањето на кредитот од кинеската Ексим банка. Сепак, како што рече, надлежните успеале да обезбедат ново решение преку формирање синдикат со домашни комерцијални банки, со што се гарантира продолжување и завршување на изградбата.

  • - Многу е важно граѓаните да го видат прогресот на автопатот кон Охрид, кој веќе делумно е пуштен во сообраќај. Очекуваме, согласно најавите, целосно да биде завршен најдоцна до првиот квартал од 2027 година. И покрај предизвиците, проектот ќе биде реализиран до крај – изјави Мицкоски.

Автопатот Кичево–Охрид е еден од клучните инфраструктурни проекти во земјава, кој треба значително да го подобри сообраќајното поврзување и безбедноста на овој патен правец.

Фото: Д.Т

Слично

Поврзани вести