Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИЧЕВО-ОХРИД И НАТАМУ „БРАНУВА“ - ќе се носи закон со кој растојанието меѓу автопатот и железничката пруга ќе може да биде и помало од 40 метри

КИЧЕВО-ОХРИД И НАТАМУ „БРАНУВА“ - ќе се носи закон со кој растојанието меѓу автопатот и железничката пруга ќе може да биде и помало од 40 метри

Изградбата на автиопатот Кичево Охрид продолжува да ја изненадува јавноста. Таму постојано и постојано се наидува на нови проблеми, кои мора тековно да се решаваат, а често за тоа е неопходно да се носат и нови закони. 

Сега се предлагаат измени на Законот за јавни патишта, со кои се предвидува, кога тоа ќе биде неопходно, растојанието меѓу трасата на автопатот и на железничката пруга да може да биде помало и од 40 метри, како што е сега законски предвидено, бидејќи на одредени места се појавиле токму такви состојби.

Овиуе законски измени ги предлагаат неколку пратерници од владејачката коалиција, и за нив се бара да се донесат по скратена постапка.

Еве што напшишале предлагачите на законот.  

„При изградбата на автопатот Кичево-Охрид, на одредени места дојдено е до колизија помеѓу трасата на автопатот и трасата на железничката пруга, односно растојанието помеѓу трасата на железничката пруга и трасата на автопатот (заштитниот појас на автопатот) е помало од 40 метри, што е спротивно од Законот за јавните патишта“, се вели во образложението на законските измени.

Според пратениците кои ги предлагаат законските измени, основна цел на ова законско решение е пропишување можност во искучителни ситуации и со исполнување на одредени услови, растојанието меѓу државните патишта и железничките пруги, да биде помало од 40 метра.

Предлог законот нема да предизвика дополнителни фискални импликации врз буџетот и врз другите јавни финансиски средства, велат предлагачите.

„По исклучок, на ридски и тешки терени во клисури и на други слични конфигурации на терен и во населени места, растојанието меѓу државните патишта и железничките пруги, може да биде помало, под услов да  не се допираат слободните профили и меѓу нив да може да се постави опрема и уреди за безбедно одвивање на патниот и железничкиот сообраќај. Во случај да нивелетата на железничката пруга е пониска од еден метар од нивелетата на државниот пат, мора да се постават сигурносни огради“, се вели во предлог законските измени.

Останува на пратениците дали ќе ги изгласаат овие предлог законски измени, но најверојатно тие ќе добијат зелено светло, бидејќи се предложерни од владејачките народни избраници. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести