АВТОПАТИ: Велес-Скопје во завршна фаза, ќе се реконструира Куманово-Скопје
Реконструкцијата на автопатот Велес-Скопје веќе е на самиот крај.
Надлежните најавија почеток на реконструирање на делницата Куманово - Скопје, додека на другиот страна од земјава, ка крајниот северо-југ ќе почне реконструкцијата на Смоквица и Гевгелија.
Велес-Скопје однесе седум милиони евра, додека реконструкцијата на двата автопати во најава ќе чини 20 милиони евра.
Премиерот вчера истакна дека за десетина дена автопатот Велес-Скопје ќе биде пуштен во употреба и ќе замине во историјата патот чии дупки им создаваа проблеми на возачите.
Смоквица-Гевгелија ќе биде рекоструиран во должина од 10 км, додека Куманово-Скопје во должина од 23 км.
Слично
