Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОПАТИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА: Каде се ќе се гради 2016?

АВТОПАТИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА: Каде се ќе се гради 2016?
Патната инфраструктура во Македонија долго време беше во втор план. Изминативе десет години не се изгради речиси ниту еден автопат (освен кусата делница Куманово Табановце), а на добар дел од автопатите се возеше по дупки и крпеници (особено Велес - Скопје). Дури лани Владата најави изградба на три автопати, со пари од кинеските кредити. Министерот за транспрот и врски вели дека годинава пред нас во Македонија ќе се градат 600 километри патишта. Во интервју за Eвести.мк Мисајловски потенцира дека ќе се работи на вкупно 24 регионални патишта и 7 автопати чија вкупна должина изнесува околу 600 километри. -Во континуитет ќе продолжи изградбата на трите нови автопати. Демир Капија-Смоквица, Миладиновце – Штип, Кичево –Охрид, а во втората половина на 2016 планираме со отпочнување на изградба на автопатска делница Требениште -Струга. Според зборовите од министерот ќе продолжи со реконструкција на 13 –те регионални патишта. Многу важно е тоа што ќе започнеме со изградба на 5 нови експресни патишта и тоа: Градско – Прилеп во должина од 33,5 км и вкупна проценета вредност од 80,7 милиони евра. Охрид-Пештани во должина од 14,5 км и проценета вредност од 52 милиони евра, Штип-Кочани во должина од 26 км, проценета вредност од 53,4 милиони евра, Штип-Радовиш должина 38 километри, проценета вредност 64 милиони евра и Ранковце- Крива Паланка во должина од 26 км, проценета вредност од 78 милион евра. Исто така во 2016 година ќе започне рехабилитација и на други 6 регионални патишта.
Слично

Поврзани вести