Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автономна зона од утре и на УКЛО!

Автономна зона од утре и на УКЛО!

Чувствуваме обврска, да ги ослободиме универзитетите - вистински и да прогласиме автономна зона! Владата окупира, ние ослободуваме - порачуваат од Студентскиот пленум при УКЛО  притоа напоменувајќи дека утре на техничките универзитети ќе започне Автономната зона.

„Нема да се повлечеме од појаки критериуми за професорите, нема да се повлечеме од контролни механизми за проверка на знаењата на студентите. Дали тоа ќе биде државен испит, дали ќе биде некоја друга форма, меѓутоа мора да има правни механизми кои ќе ги проверуваат знаењата на студентите“ изјави пред неколку дена министерот Адеми, додека од пленумот на УКЛО нагласуваат дека   автономијата ќе се крши и вака и така, единствено дискутабилни се името (дали ќе се вика државен испит, екстерно тестирање или контролен механизам) и формата/модалитетот, додека суштината останува - ќе има надворешно тестирање.

Се најавува Автономна зона да се прогласи во 12 часот на Техничките факултети во Битола.

Слично

Поврзани вести