Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автономна зона ден 9: Погледнете ја програмата за денеска!

Автономна зона ден 9: Погледнете ја програмата за денеска!
Во окупираната зграда на Филозофски/Филолошкиот факултет, од каде и започна формирањето на автономни зони и на други факултети,ви ја пренесуваме програмата за деветиот ден. Од 11:00 до 15:00 „Пленумска сложувалка“ со студентите од Факултетот за ликовни уметности која ќе се одржи на Плато на УКИМ. Додека од 11:00 до 12:00 часот ќе биде претставен краток документарен филм „Телото на жените“ („Il Corpo Delle Donne“) и дискусија на катедра за италијански јазик. Од 12.00 до 14.00 часот заедно со Ана Чупеска, Владимир Мартиновски и Ангелина Петковска ќе се одржи „Слобода во уметноста, науката и политиката“ во амфитеатар А3 Од 14 часот Анастас Вангели ќе зборува на тема „(не) Демократијата, Исто така од 14.00 до 15.00  ќе се одржи информативно предавање за Еразмус + програмата во амфитеатар А3 Во 16 часот ќе се претстави Amber Virga. 17.00 – 18.00 –Милош Б. Андоновски ќе предава на тема „Од игра до емпатија”, во амфитеатар А3 18:00-19:00 Hard n' Heavy свирка @ Аула А од 20 часот Димитар Банов ќе зборува за „Патос” – главна инспирација на македонската кинематографија“. ден 9
Слично

Поврзани вести