Автономна зона ден 6: Погледнете ја програмата за денеска!
Веќе шести ден како што студентите прогласија Автономна зона и ги „окупираа“ факултетите, а ја објавија програмата и за денешниот шести ден.
Тие млади и неумори велат дека ќе одат до крај на нивните барања за високото образование каде што и потенцираа дека сакаат да преговараат со министерството и се спремни но универзитетот да биде местото каде би се одвивале тие преговори.
Денешниот распоред на активностите на студентите е следниов:
Од 14:00 часот продолжува трибината на тема „Што би промениле во високото образование?“ во аулата на Филозофски/Филолошкиот факултет.
Потоа во 16:00 ќе се одржи проекција на „Европа на работ, прекрасниот свет на Алберт Кан“ и дискусија со проф. Ирина Стефоска и проф. Љупчо Ристески во амфитеатар A3.
Потоа следи од 17:00 - Изложба на Александар Ковачевски „Дискретниот шарм на продавачите на магла“
Од 18:00 - 19:30 - Акустична свирка со Аула
Додека од 20:00 - 22:00 активностите ќе завршат со проекција на филмот „Berkeley in the 60s“ во амфитеатар 3, по што ќе следува и дискусија.
Студентите се мометално на локален пленум на техничките факултети!!

