АВТОМОБИЛСКИТ ГИГАНТ СТЕЛАНТИС ГО ГРАДИ ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВИОН: Ќе биде наречен „Миднајт“
Холандската
автомобилска компанија Stelantis објави дека се здружува со Archer Aviation за
развој на електричен авион.
Stelantis, кој беше создаден во 2021 година преку спојување на Fiat Chrysler и француски Peugeot, ќе обезбеди производствена технологија и експертиза, персонал и капитал за заедничкиот проект, објави АП.
Авионот наречен Midnight ќе може да превезува пилот и четворица патници и да има домет од 100 милји со време на полнење од околу 10 минути помеѓу летовите.
Електричниот авион ќе се произведува во објектот Арчерс Ковингтон, Џорџија.
Производството се очекува да започне во 2024 година.
Инаку, компанијата Stelantis е добро позната во регионот, односно таа е присутна во Србија каре работи на производство на нови автомобили.
ФОТО: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO