Автомобилскиот бизнис во криза, BMW си замина поради слабата продажба?
Дали постојаниот тренд на пад на продажбата на автомобили го избрка BMW од Македонија? Во 2008 та се продадоа 18000 нови возила во земјава, а во 2012 се продадени нешто помалку од 5000 возила.
Ланскиот тренд на намалување на продажбата на нови автомобили продолжи и на стартот од оваа година. Податоците покажуваат дека на месечно ниво бројката на продадени нови автомобили се намалува. Така ако во мај 2013-та година се продале 323 автомобили, истиот месец оваа година се продадени 300 автомобили, или за 7,12 отсто помалку. Споредено со првите пет месеци од годината, лани од јануари до мај се продадени 1.625 нови автомобили, а истиот период оваа година 1.399 автомобили , односно за 13,91 отсто помалку.
Дали автомобилската индустрија е во криза?
Упатените во овој бизнис коментираат дека трендот на намалување на продажбата на нови возила не од сега, туку почнал уште од 2007 година. Бизнисмените причината ја лоцираат во намалената куповна моќ на граѓаните но и во увозот на половни возила.
Продажниот салон на автомобилската компанија Мак-кар е затворен и напуштен, а македонскиот пазар засега ќе остане без автомобилските брендови BMW, MINI и Land Rover. Засега не е позната причината зошто компанијата не е повеќе главен дистрибутер на овие автомобилски марки. Од централата од Германија за Фактор потврдија дека Мак-кар не е веќе дистрибутер на нивните автомобили.
- Договорот за увоз со Маккар Балфинко истече и не беше обновен со заемна согласност. Ќе го објавиме новиот увозник за BMW и MINI во Македонија кога ќе дојде време“, изјави за Фактор Ирмгард Арсеншчек, портпарол на Групацијата BMW за Африка, Карибите и Источна Европа.
Во германската компанија, за сега не сакаат да прецизираат кои се причините за непродолжувањето на соработката со македонскиот дистрибутер. А досега се нема огласено ниту раководството на компанијата Мак-кар. Упатените посочуваат дека со проблем при сервисирање на автомобилите ќе се соочат клиентите на компанијата, кои ќе треба да патуваат на редовен сервис во земјите од опкружувањето.
Стандардот ЕУРО 6 е задолжителен за товарните возила
Од друга страна кај товарните возила состојбата е поинаква. Стандардот ЕУРО 6 е главниот услов за добивање на ЦЕМТ дозволите за домашните превозници со товарни возила. Од компаниите велат дека економската криза ја намалила продажбата на товарни возила, но дека од почетокот на годинава е регистрирано зголемување на побарувачкта на камиони со стандардот ЕУРО 6. Во моментов од вкупната продажба околу 60 отсто отпаѓа на новите возила, со оглед на тоа старите товарни возила го немаат овој стандард.
- Продажбата на возила почна да се намалува уште во 2007 година. Особено е регистрирано намалување на продажбата на возила кај физичките лица, благ пад има и на продажбата на возила на државата. Причината е намалената куповна моќ на граѓните, ние последниве години ги гупиме овие купувачи. Ако порано имавме купувачи кои на пет години ги менуваа своите возила, сега истите тие овој рок го пролонгираат, поради намалената финансиска моќ, заострените кредитни услови на банките, и нормално граѓаните не сакаат да се задолжуваат со кредит за да купат автомобил. Од друга страна тука е и увозот на половни возила, чија цена е намалена, вели за Фактор Кирил Калеников, генерален директор на “Аутомотив групација”.Според податоците 2012-та година е убедливо најлоша година, тогаш биле продадени само 4.816 возила, односно 73 проценти помалку во споредба со 2008 година кога се купени околу 18 илјади нови автомобили. Главен удар увозот на половни возила Според импортерите, донесувањето на одлуката за увоз на на стари возила, на пазарот се создале нееднакви услови за стопанисување. Од една страна се автомобилските компании кои се обременти со двачки кон државата, а од друга страна се увозниците на половни возила кои продажбата ја вршат на плацови како физички лица. Само за пример, еден продавач на половно возило кое од странство го увезол за 4.000 евра а во земјава го продал за 4.500 евра, 500 евра има чиста заработка, бидејќи е физичко лице и нема фирма, коментираат упатените од овој бизнис, додавајќи дека компаниите имаат одредени давачки што мора да ги подмират кон државата. Уште пред повеќе од една година увозниците побараа од Владата да се воведе стандардот ЕУРО 4 и за половните возила и да не се увезуваат восила постари од 7 години, бидејќи според нив социјалниот момент за граѓаните поради што беше дозволен увозот на половни возила со ЕУРО 1 И ЕУРО 2 стандард, е веќе задоволен. Тие тогаш посочија дека овие возила се главните загадувачи на воздухот во земјава. Тогаш од Владата информираа барањето е ставено во процедура и се чекаат мислења од ресорните министерства. Но одговор сеуште нема. А токму поради фактот што возилата со ЕУРО 1 И ЕУРО 2 стандард се големи згадувачи, земјите од еврозоната поради европската регулатива која ги забранува овие возила, гледаат на секаков начин да се ослободат од овие возила со продажба во земјите кај кои што овие правила не важат. Упатените велат дека ЕУ постојано носи нови регулативи кои мора да ги почитуваат производителите на автомобили, а кои се однесуваат на високите автомобилски стандарди кои гарантираат дека нема да го загадуваат воздухот. Последната одлука на ЕУ која стапува на сила од септември оваа година е дека секој нов произведен автомобил треба да има систем за стабилност (EESP) и мерач на воздух во гумите на автомобилите. Продажниот салон на Мак-кар под клуч
Продажниот салон на автомобилската компанија Мак-кар е затворен и напуштен, а македонскиот пазар засега ќе остане без автомобилските брендови BMW, MINI и Land Rover. Засега не е позната причината зошто компанијата не е повеќе главен дистрибутер на овие автомобилски марки. Од централата од Германија за Фактор потврдија дека Мак-кар не е веќе дистрибутер на нивните автомобили.
- Договорот за увоз со Маккар Балфинко истече и не беше обновен со заемна согласност. Ќе го објавиме новиот увозник за BMW и MINI во Македонија кога ќе дојде време“, изјави за Фактор Ирмгард Арсеншчек, портпарол на Групацијата BMW за Африка, Карибите и Источна Европа.
Во германската компанија, за сега не сакаат да прецизираат кои се причините за непродолжувањето на соработката со македонскиот дистрибутер. А досега се нема огласено ниту раководството на компанијата Мак-кар. Упатените посочуваат дека со проблем при сервисирање на автомобилите ќе се соочат клиентите на компанијата, кои ќе треба да патуваат на редовен сервис во земјите од опкружувањето.
Стандардот ЕУРО 6 е задолжителен за товарните возила
Од друга страна кај товарните возила состојбата е поинаква. Стандардот ЕУРО 6 е главниот услов за добивање на ЦЕМТ дозволите за домашните превозници со товарни возила. Од компаниите велат дека економската криза ја намалила продажбата на товарни возила, но дека од почетокот на годинава е регистрирано зголемување на побарувачкта на камиони со стандардот ЕУРО 6. Во моментов од вкупната продажба околу 60 отсто отпаѓа на новите возила, со оглед на тоа старите товарни возила го немаат овој стандард.
Факт е дека во изминатите години продажбата е во опаѓање и во Македонија и во регионот, но се надеваме дека со излегувањето на новите мотори Еуро 6 продажбата ќе оди во нагорна линија затоа што транспортерите во Македонија сакаат да го запазат трендот во Европа и има се поголем интерес за овој тип возила, изјави на неодамнешниот Саем за транспорт и товарни возила, Борче Арсовски, директор на „Каргомакс“Министерството за транспорт годинава првпат распредели ЦЕМТ-дозволи со Еуро 6-стандард, а според најавите, бројот на дозволите со овој стандард во иднина ќе се зголемува, а ќе се намалува бројката на дозволи со другите стандарди. Ј.С
Слично
