Автомобилската инудстрија во Германија ќе го намали призводството - 700.000 автомобили помалку
Во Германија годинава ќе се произведуваат 700.000 автомобили помалку од планираното, најавија тамошните фабрики кои се соочуваат со проблеми во испораката на делови.
Повикувајќи се на податоци од „IHS Markit“, тамошните медиуми наведуваат дека особено е погоден Фолсваген, кој годинава ќе произведе половина милион возила помалку. Покрај тоа се наведува дека BMW ќе произведе 100.000, а Мерцедес 80.000 автомобили помалку.
Специјализираните магазини потенцираат дека Volkswagen се фокусирал на премиум брендовите кои носат повисоки маржи. На овој начин пораснало производството на Порше, додека на Ауди благо се намалило.
Марката Volkswagen има акумулирано половина милион нарачки, а од компанијата велат дека ќе се обидат да го стабилизираат производството и покрај проблемите со испораката на делови.
Извор: Блиц.рс
Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV
