Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобилска компанија ќе инвестира во Кичево, најава за 100 нови вработувања

Автомобилска компанија ќе инвестира во Кичево, најава за 100 нови вработувања
Речиси потврдени од компаниите, до крајот на оваа и наредната година се 15-ина инвестиции во Македонија, соопшти премиерот Никола Груевски. Тој информираше дека во септември автомобилска компанија како браунфилд инвестиција ќе  инвестира во Кичево и ќе отвори сто работни места кои по три години ќе се зголемат на 700. „Во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево, која се гради, компанијата паралено ќе ја гради својата фабрика. Тоа е прилично сигурно, но останува компанијата да ја објави инвестицијата во септември и да ги почне подготовките за прием на првите вработени до крајот на годинава“, најави Груевски. Тој очекува наскоро да ги своите намери за инвестиции во Велес, Кочани, Скопје, Штип, да ги објават и други компании. „Да оставиме времето да дојде, да созреат нивните планови и сами да одлучат кога ќе ги изнесат“, изјави Премиерот за време на денешната посета на Ростуше каде што отвараше спортска сала. Пред еден месец Владата најави дека повеќе од  400 фабрики, хотели, оранжерии, дел од нив се во државна,  други во приватна сопственост ќе се нудат на потенцијалните инвеститори како можни локации за браунфилд инвестиции. Како што посочија владините претставници, станува збор за објекти кои се во стечај или долго време не работат.
Слично

Поврзани вести