Автомобилите Тесла се самопаркираат
Подобрување на функцијата
за авто-паркирање на автомобилот Тесла
ќе биде изготвена
во рок од шест недели и ќе им овозможи на клиентите своите возила да ги возат околу паркингот, да најдат празно
место и да ги читаат
знаците за паркирање,
изјави главниот извршен директор Елон Маск. Надградбата ќе биде компатибилна за автомобилите Тесла
произведени во претходните две години, изјави Маск.
,,Колите ќе можат да стигнат до локацијата каде што се наоѓа вашиот мобилен телефон и ќе можат да ве следат како домашен миленик при користење на ова апликација на Тесла”, рече Маск без да даде детали.
Надградувањето на апликацијата ќе им овозможи на корисниците далечинско управување на нивните автомобили доколку се наоѓаат во догледна далечина. Апликацијата, во моментов им овозможува на корисниците на теслините автомобили Модел С да можат да ги паркираат своите автомобили однадвор преку далечинско управување или да ја управуваат со возилото на кратки дистанци.
