Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобилите на Mercedes како подвижни канцеларии со Microsoft

Автомобилите на Mercedes како подвижни канцеларии со Microsoft
Германскиот автомобилски гигант Mercedes откри дека соработува со Microsoft за нов софтвер наречен In Car Office кој на возачите ќе им овозможи да ги прегледуваат сите закажани обврски, состаноци и важни настани на шалт таблата. Системот ќе се интегрира со Microsoft Exchange програмата за пристап до календарот и белешките на Office и автоматски ќе ве известува за вашата следна работна обврска во текот на денот, како и да ви даде навигација до соодветната локација. In Car Office софтверот ќе биде пуштен во употреба во 2017-та за поновите генерации на автомобили на Mercedes-Benz. Секако, интерфејсот на In Car Office е прилагоден за автомобилска употреба и нема да му го одзема вниманието на возачот.
Слично

Поврзани вести