Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛИ: заврши „ренесансата“ со половни, се очекува раст на бизнисот со нови возила!

АВТОМОБИЛИ: заврши „ренесансата“ со половни,  се очекува раст на бизнисот со нови возила!
Изминатите четири години, во земјава влегле вкупно 158.512  половни автомобили. Тоа е  бројката на увезени стари автомобили, од моментот кога владата дозволи повластен увоз,  односно од март 2010 година до јули 2014 година. Најголем увоз е направен, токму во 2010 година. Тогаш се увезени 51.399 стари автомобили, вклучувајќи ја и бројката од 317 половни автомобили што истата година се увезени, но пред да биде овозможен повластен увоз. Секоја следна година, се намалува увозот на стари автомобили во земјава. Па така, во 2011 година, вкупната бројка на половни автомобили што влегле во земјава изнесува 34.326, во 2012 година биле донесени 28.546, а во 2013 година од странство биле купени 29.560 половни автомобили. Инаку, од почетокот на годинава па се до крајот на јули во земјава биле увезени вкупно 14.998 половни автомбили, покажуваат последните податоци на Царинската управа. Споредено со мината година, во истиот период се забележува дека увозот на половни автомобили е намален. Односно лани до јули биле увезени 17.680 половни автобили. јануари –јули                   увоз на половни автомобили               ·         2014 година                                       14.998 ·         2013 година                                       17.680 Во истовреме кога се дозволи повластен увоз на стари автомобили, се намали продажбата на нови автомобили. Односно, од март 2010 година, кога беше дозволен повластениот увоз до јули годинава, биле увезени вкупно 20.784 нови автомобили. Пред да биде доволен повластениот увоз на стари автомобили, годишно продажбата на нови автомобили беше три пати поголема од она што е сега. Односно, во 2009 година, пред да биде дозволен увозот на стари автомобили со повластени услови, во земјава беа увзени 10.574 нови автомобили, додека, лани увозот на нови автомобили изнесувал 3.288. КАКО ПАЃАШЕ УВОЗОТ НА НОВИ АВТОМОБИЛИ година                 увоз на нови автомобили ·         2009 година                       10.574 ·         2010 година                         7.183 ·         2011 година                         5.795 ·         2012 година                         4.021 ·         2013 година                         3.288 Уште на почетокот на минатата година импортерите на моторни возила бараа владата да воведе забрана за увоз на возила постари до 7 години. При тоа таквото барање го образложуваа со став дека во изминатиот период со увозот на возила со Еуро 1 и Еуро 2 стандард, задоволен е социјалниот момент од една страна, но, од друга страна тие возила се огромни загадувачи воздухот. Како дополнителен аргумет импортерите го наведуваа и фактот дека во Скопје последните мерења на штетните честички на воздухот покажаа оти загадувањето е 20 пати поголемо од дозволените граници. Според европските стандарди максимално дозволената граница е 50 милиграми на кубен метар. „Новите возила имаат ниска емисија на јаглерод диоксид и штетни честички во воздухот, располагаат со посебни филтри кои ги задржуваат штетните канцерогени честички и не ги пуштаат во атмосферата. Наспроти ова, во последните три години во Македонија се увезоа повеќе од  100.000 половни возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив кои немаат заштитни филтри и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот“, стоеше во барањето на импортерите. ОД НОВА ГОДИНА ОТЕЖНАТ УВОЗ НА ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ Сега владата најавува дека , од нова година веќе нема да важат поволностите за увоз на стари автомобили. Односно, во текот на јули и август Владата и надлежните институциинаправиле  проценка и било увидено дека е постигнат социјалниот карактер на мерката и позитивно е унапреден и обновен возниот парк во земјата во однос на оној кој беше присутен пред воведување на мерката. Заради овие причини, и заради поентата за понатамошно преземање на мерки за дополнително унапредување на животната средина, Владата одлучи да се скратат роковите за можност за увоз на автомобили кои беа важечки претходно, а со кои се овозможуваше увоз на половни автомобили  со стандард на моторите ЕУРО 2 и ЕУРО 3. „ Со новите одлуки и измената на правилникот во Министерството за економија кој ја регулира оваа дејност и кој е стапен во сила, се воспостави можност увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард да може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31 декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид на автомобили кои се веќе започнати, изјави владиниот портпарол Александа Ѓеоргиев. Динамиката налага, возилата со ЕУРО 3 стандард на моторот да може се увезуваат најдоцна до 30 јуни 2015 година, а од 1 јули 2015 година увозот на автомобили ќе биде можен само доколку истите ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот. Целта е на овој начин и со оваа динамика постепено, но и во побрз рок, да дојде до повторна обнова на возниот парк на едно повисоко ниво, како што тоа се случи кога во минатото со претходните одлуки  се изврши трансформација и замена на возилата кои беа без стандард, или со ЕУРО 0 или ЕУРО 1 стандард на моторите, со понови возила со ЕУРО 2 И ЕУРО 3 стандард на моторите. С.Н.
Слично

Поврзани вести