Автомобилската индустрија постојано носи нови модели, технологии и трендови, но само мал број автомобили успеваат да опстанат со децении и да станат вистински легенди.
Нивниот успех не се мери само по бројот на продадени возила, туку и по влијанието што го имаат врз културата на возење и секојдневниот живот на милиони луѓе ширум светот.
На листата на петте најпродавани автомобили во историјата се најдоа два јапонски, два германски и еден американски модел.
Honda Civic
На петтото место се наоѓа Honda Civic, модел кој се произведува од 1972 година. Civic е познат по економичноста, сигурноста и удобноста при возење, а се нуди во различни верзии – од градски модели до спортската верзија Type R. Досега се продадени повеќе од 24 милиони примероци.
Volkswagen Buba
Volkswagen Buba е еден од најпознатите автомобили во историјата. Производството започнало во 1938 година, а завршило во 2003 година. За тоа време биле произведени 21,5 милиони примероци. Благодарение на едноставната технологија, издржливоста и препознатливиот дизајн, овој автомобил стана светска икона.
Volkswagen Golf
На третото место е Volkswagen Golf, кој се појави на пазарот во 1974 година како наследник на легендарната Buba. Со својата практичност, разновидни верзии и постојани технолошки подобрувања, Golf стана еден од најуспешните модели во компактната класа. До денес се продадени повеќе од 35 милиони возила.
Ford F-Series
Второто место го зазема Ford F-Series, серија на пикап возила која се произведува од 1948 година. Особено популарен е моделот F-150, кој со децении е меѓу најпродаваните возила во САД. Вкупната продажба на оваа серија надминува 40 милиони примероци.
Toyota Corolla
На првото место се наоѓа Toyota Corolla, најпродаваниот автомобил во историјата. Од 1966 година до денес се продадени повеќе од 50 милиони примероци. Corolla е позната по практичноста, ниските трошоци за одржување и издржливоста, што ја направи глобален рекордер во продажба.
Курир.рс