Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобил прегази дете кај радовишко Подареш

Автомобил прегази дете кај радовишко Подареш

Автомобил прегазил осумгодишно дете додека возело велосипед, по што детето е пренесено во Ургентен во Скопје.

Настанот се случил вчера во 11,45 часот на регионалниот пат Подареш-Радовиш. Пред куќата на Т.Н. се случила сообраќајна незгода во која В.Н. (28) од село Подареш, управувајќи автомобил „форд галакси“ со времени регистарски ознаки, удрил во велосипед „хамер макс“ управуван од дете на возраст од 8 години од селото Подареш.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, по што е пренесено и задржано на лекување во УЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Радовиш.

Слично

Поврзани вести