АВТОМОБИЛ НА СТРУЈА: Во Европа – субвенции и до 18 000 евра, а во Македонија?
Со 12 милиони вработени, европската автомобилска индустрија се смета за една од водечките во развиените економии. Сега, во светот се возат над 2 милијарди автомобили или скоро една третина од вкупното светско население располага со автомобил. Во просек еден автомобил има животен циклус од 20 години, што значи дека за да се променат сите автомобили во електрични автомобили, да се менуваат по 100 милиони возила. Овие сознанија засега се само преметка, но амбициите на Европа за електрификација на транспортот стануваат се поголеми.
Европските држави со директна помош за електрификација ..
Се побрјни и се поголеми се државните субвенции што ги даваат дел од европските економии за поддршка на електрификацијата во транспортот. Франција спроевдува программа преку која нуди и до 10.000 евра за сите што ќе се префрлат на електрични возила. Субвенционирање има во Скандинавија, но и во Германија. Естонија е често посочувана како пример каде државата директно се вклучи во овој процесс - купувајќи околу 500 електрични возила заедно со инсталирање на инфраструктура која опфаќа 167 полначи. Во Естонија субвенцијата изнесува до 18.000 евра, а на граѓаните им се нуди можност да конкурираат и за грант од 1.000 евра за набавка на полначи. Словенија субвенционира до 5.000 евра, а Хрватска до 9.000 евра.
Преку овие бројни примери за поддршка на овој сегмент од автомобилската индустрија, се потврдува дека иднината во автомобилската индустрија е во електрификацијата која значи заштеди на трошоци но и заштита на околината, оценуваат експертите. Во Македонија, засега нема вакви програми за поддршка.
“Субвенциите би значеле поттик за иноваторите, ентузијастите и екосвесните да ја фатат насоката на електрификација на транспортот. Субвенциите се можни и треба да се почне од најмалите возила како електровелосипеди и електроскутери кои би требало да се субвенционираат преку општините на ист принцип како и при набавката на велосипеди. Треба да се субвенционираат конверзиите, а се разбира и набавка на нови електрични возила“, вели електроенергетичарот Кирил Минанов од невладината “Електромобилност Македонија“.
Електричните автомобили во Европа се дел од стратегиите за премин кон енергетски одржливи општества. Минанов обајснува дека во Европа, француските производители на автомобили имаат најголем број на електрични автомобили во сериско призводство и долгорочни стратегии за електрификација на транспортот. Причината за овој тренд се лоцира во домашна инфраструктура за производство на енергија, која опфаќа 58 нуклеарни реактори како декарбонизирано производство на електрична енергија. За разлика од Франција, во земјите како Полска каде електричната енергија се добива во најголем процент од термоелектрани, односот меѓу загадувањето и користењето на електрични возила се сведува на локализирање на загадувањето на местото каде се произведува електричната енергија.
Така воздухот во урбаните средини станува помалку загаден за процент во кој се користи електричен транспорт кој го растеретува транспортното загадување, но има и решенија за затворање на циклусите на карбон. Данска е земја која до 2020 ќе префрла 50 проценти од целата енергетика на ветерници. Сепак за сега во Данска во однос на електични возила, се возат помалку од 1 процент од вкупниот број на возила. Истовремено Шведска и Норвешка се земји кои исто изобилуваат со природни предиспизиции за обновливи извори на енергија.
Дека електрификацијата станува приоритет за Европа, укажува и една од поновите одлуки на Европската комисија.
„Европската комисија на почетокот од годинава предложи елктрификацијата на транспортот да биде висок приоритет за сите земји од ЕУ, со комплетна интеграција на електричните возила во политиките на урбаните центри и широк пристап за сите возила до електричната мрежа. Во вкупната потрошувачка на енергенти транспорот влегува со третина што значи дека стратегијата треба да се насочи кон обновливите извори. Во моментов транспортот е целосно зависен од фосилни горива.“, вели Минанов.
Иднината на автомобиските гиганти …
Автомобилската индустрија во Европа апсорбира 12 милиони работници од вкупно 240 милиони вработени или 5 од 100 вработени, се во автомобилскиот сектор. Податоците покажуваат дека 23 отсто од вкупните фондови на годишно ниво на европските компании наменети за развојни истражувања, доаѓаат токму од автомобилските компании. Дека оваа идустрија е една од столбовите за развиените економии, покажува и податокот според кој автомобилскиот секторот учествува со 4,6 проценти во вкупниот БДП на европските земји. Овој сектор остварува извоз со над 107 милијарди евра а обезбедува приход од даноци во државните буџети од 308 милијарди ЕУР.
Во услови на прекумерна населеност и исцрпување на фосилните енергетски ресурси како и епохално најголемото загадување на воздухот, особено во урбаните средини, извесно е дека електричните возила се иднината, велат од невладината организација.
„Во овој миг во светот се возат над 2 милијарди автомобили или скоро една третина од вкупното светско население располага со автомобил. Во просек еден автомобил има животен циклус од 20 години, што значи дека за да се променат сите автомобили на планетата потребно е секоја година да се менуваат по 100 милиони возила. Од возилата кои денес се продаваат помалку од 1 процент се електрични“, вели Минанов.
Имајќи ги предвид најновите податоци до 2025 година, се очекува бројот на електрични мотори за електрични возила да достигне 130 милиони во светски рамки. Сепак според експертите, извесно и очекувано е дека електромобилската индустрија, вклучувајќи го скандалот со Фолксваген, ќе има експоненцијален раст кој дава реалистични очекувања дека до 2050 половина од бројката на возила на планетата да бидат електрични и водородни.
Од невладината “ Електромобилност Македонија“ велат дека во изминатиот период спровеле повеќе иницијативи, меѓу кои и предлог за активирање на проектот 100 000 соларни панели во Македонија, потоа награда за сите кои возат електрични возила и тоа за првите 5 000, како и субвенција за 5 000 полначи за приватни лица. Од невладината велат дека стимулација за развој и вложување во возила на струја може да бидат и бесплатни патарини, бесплатни паркизни, бесплатна регистрација на е-возила, се со цел да се раздвижи пазарот, интересот и вложувањето во електрични возила во Македонија. Сепак, според експертите, прв пример треба да дадат општествено одговроните компании кои котираат на листите како најуспешни и најпрофитабилни. Токму тие, велат енергетичарите, во своите сложбени возни фактори треба да имаат барем по едно електрично возило.
Р.Ф.

Слично