Автомобил-бомба експлодира во Берлин
Автомобил-бомба експлодира во централниот дел на германската престолнина Берлин.
Возачот е мртов, објави ББС, повикувајќи се на информации од германската полиција.
Полицаец на местото на инцидентот, изјави дека експлозијата се случила додека колата била во движење. Инспекторите информираат дека причина за овој немил настан е поставен експлозив и возилото се проверува дали има уште експлозив внатре.
Органите на редот ги повикаа жителите во регионот да ги затворат прозорците и да не стојат блиску до нив.
Полицијата се обидува да го идентификува загинатиот возач на возилото.
Слично
