Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автобуските каросерии за „Ван Хол“ ќе се произведуваат во Штип

Автобуските каросерии за „Ван Хол“ ќе се произведуваат во Штип
Штипската фирма „Актива“ заедно со белгискиот гигант „Ван Хол“ денеска ги удрија темелите на нова фабрика во индустриската зона во Штип. Фабриката ќе произведува автобуски каросерии за „Ван Хол“. Директорот на белгиската компанија Филип Ван Хол вели дека се задоволни од нивното партнерство со штипска „Актива“. „Кога за прв пат се запознавме во пролетта 2011, ни не помислувавме дека еве денес ќе ставаме камен темелник на нова фабрика. Ние сме семејна фирма, исто како и „Актива“ и слично на Иле, и нашиот татко повеќе од времето го поминуваше во производните хали . Ова е голем момент и за нас и ние едвај чекаме да почнеме со работа. Ние сега извезуваме за американскиот пазар, но со оваа фабрика го почнуваме и освојувањето на европските пазари“, вели тој. Според Иле Наков, директор на „Актива“, новата фабрика за автобуски каросерии ќе ја промени и сликата за Штип како град на текстилот. „Локацијата опфаќа површина од 70.000 м/2 со можност за 120.000 м/2. Планирани се две фабрики од по 16.000 м/2 ,значи вкупна површина од 32.000 м/2. Првата фабрика ќе се гради во две фази. Во првата фаза, ќе се прави халата за делот за металните конектори, со површина од 8000 м/2 а по завршување на истата во септември и втората фаза со уште 8000 м/2. Инвестицијата е вредна три милиони евра од кои милион евра се средства на „Актива“ а два милиона евра се кредит од Комерцијална банка-Штип“, објасни Наков.
Слично

Поврзани вести