АВТОБУС СЕ ПРЕВРТЕ ВО СРБИЈА: Две лица загинаа, а околу 80 се повредени
Две лица загинаа, а околу 80 се повредени откако се преврте автобус кај српскиот град Сремска Митровица. Српското министерство за внатрешни работи информираше дека автобусот превезувал работници на фирмата „Хелткер“.
Полицијата соопшти дека автобусот од засега непознати причини излетал од патот и се превртел на покрив.
„Сообраќајот на оваа делница е во прекин. Дел од автобусот е целосно деформиран од ударот во земјен насип“, објавија локалните медиуми.
Слично
